Девојче родено без крв, појде на училиште

Девојчето кое се роди без крв, појде на училиште, четири години по необјасливото оздравување.

Во текот на бременоста, телото на Ема Виња ја апсорбирала целата крв од фетусот кој бил во неа. Лекарите биле зачудени кога таа ја родила својата ќерка, но без крв, пишува британскиот „Телеграф“.

Мајката на Мејси се потсетува: Во бременоста имав чувство дека нешто не е во ред. Чувствував надуеност, а Мејси престана да се врти во стомакот“.

Кога се родила во декември 2009 година, шест недели пред време, докторите стравувале дека Мејси ќе има оштетување на мосокот. По две недели поминати на интензивна нега и примени три трансузии на крв, ги поминала сите развојни фази и сега како четиригодишна ги импресионира наставниците на училиште.

„Тоа беше неверојатн аситуација. Никој од лекарите до тогаш не слушнал за таков случај. Забележани се случаи на деца кои се родени со кала количина на крв, но Мејси имаше нула хемоглобин“, раскажува Ема.

Таа додава дека лекрите ја предупредиле дека Мејси би можела да има оштетен мозок бидејќи поради недостигот на крв во матката таа немала кислород.

„Голем чекор беше кога таа почна да зборува. Кога го кажа својот прв збор ’ тато’ на 15 месеци, тоа беше вистинско олеснување и голем емотвен момент“, раскажува Ема.

Отанува мистерија како девојчето воопшто е родено без крв.

„Ја тестираа мојата крв и открија дека целата крв од нејзиното мало тело е апсорбирана во  моето тело. Во слични случаи, кога би се случило тоа, обично мајката во текот на бременоста доживеала некоја траума, пад или несреќа. Мене ништо слично не ми се случило во текот на бременоста. Најдобрата терапија на кои се сетиле лекарите е дека мембраните во матката се триеле една од друга, што довело до руптура, поради што дошло до тоа крвта од нејзиното тело да се пренесе во моето. Но, никој не може да биде целосно сигурен“, заклучува Ема која пред неколку месеци родила уште едно дете, без никакви компликации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.