Девојче се обидело да ја убие мајката поради „ајфон“

Дванаесет годишно девјче е уапсено откако два пати се обидело да ја отруе сопствената мајка поради забраната за користење на „ајфон“, пренесува Еј Би Си Њуз, повикувајќи се на официјално соопштение од полицијата.

Девојче од американскиот град Боулдер се обидело да ја убие мајка си два пати. Првиот пат, на 2-ри март мајката додека го пиела утринскиот пијалок почувствувала мирис на избелувач, но се посомневала дека машината за садови не ја испрала добро чашата.

По неколку дена, жената повторно го почувствувала истиот мирис, по што се соочила со ќерката.

Како што соопшти шерифот, девојчето тогаш признало дека сакало да ја убие мајка си поради забраната за користење на „ајфонот“.

Инаку, девојчето се наоѓа в затвор за малолетници под обвинение за двоен обид за убиство со предумисла.