Девојчињата од БиХ кои забременија на екскурзија абортирале

Веста за тинејџерките кои забремениле на училишниот излет предизвика голем шок и неверување во цела Босна и Херцеговина, но и во регионот. Станува збор за девојчиња кои имаат 13 и 14 години, чиј идентитет е скирен, а тие доаѓаат од едно село во БиХ.

– Може ли да замислите како се чувствувале родителите кога дознале дека нивните ќерки се бремени? Особено ако знаеме дека доаѓаат од мало село во кое важи за голем срам. Девојчињата во тоа село одат на училиште. А нивните семејства се обележани до крајот на нивниот живот – изјавил гинекологот Ненад Бабиќ за германски „Билд“.

Од почит кон ученичките и нивните семејства, Бабиќ кој воедно е национален здравствен координатор во Република Српска, не зборувал веднаш за овој случај. Јавноста ја известил половина година откако девојчињата абортирале, исклучиво поради заштита на нивното здравје.

Тој изјавил дека веста ја објавил бидејќи е неопходно да се подигне нивото на свет и да се предупреди на недостигот на едукација на младите луѓе за нивните полови активности и секуалното здравје.

– Овие деца не биле информирани. Тоа не го направиле на време ниту родителите ниту училиштето – изјавил Бабиќ.

Според неговите зборови, девојките од абортусот и шокот закрепнале и сите им помагаат што побргу да се вратат во нормален живот.

Неодостигот на едукација по ова прашање е многу изразен во Босна и Херцеговина. Само во Сараево, минатата година биле пријавени 31 малолетнички бремености.

– Забринувачки е што 13-годишни девојчиња имаат сексуални односи. Но тоа е тренд денес. Сепак не смееме да допуштиме децата за сексуалноста да се образуваат на улица. Тоа мора да ги подучи училиштето – изјавил за порталот „РадиоСараево.ба“, сараевскиот гинеколог Сенад Мехмедбашиќ.