Девојчињата родени во лето се поинтелегентни

Дека девојчињата родени во лето се поинтелегентни од останатите врсници открија Невролозите од Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија.

Експертите до тоа сознание дошле кога ја прегледале сивата материја во мозокот на зимските и летните бебиња. Според ова истражување момчињата родени во јуни и јули имаат помалку сива материја од оние кои на свет дошле во декември.

Меѓутоа приказната за девојчињата била сосема спротивна, бидејќи се покажало дека тие имаат многу повеќе „материјал“, кој го одредува нивото на интелегенција.

Освен тоа децата родени во лето се помалку депресивни, понемирни и имаат поголеми шанси да имаат проблеми со видот.