Девојка со душевно растројство преживеала хорор во Кичево

Оштетената која е душевно болно лице, на 19-ти мај оваа година била пријавена за исчезната, по што СВР Охрид презеде мерки за нејзино пронаоѓање. На 20-ти мај во 22:40 часот полициски службеници на булеварот „Железничка“ во Охрид, сопреле патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата пријавени и оштетената.

Мерките на СВР Охрид за пронаоѓање на Т.Н. која беше пријавена како исчезната, се водеа во координација и насоки на Јавното обвинителство во Охрид и Полициската станица Кичево, по што, врз оштетената извршен бил медицински преглед,  а извршен бил и преглед и претрес во возилото, а потоа и во домовите на пријавените и преземени се и други оперативни мерки и активности за целосна реализација на настанот.

При претресите извршени по наредба на Основниот суд во Кичево, во домот на пријавениот К.К. пронајдени биле предмети кои се од значење за понатамошната кривична постапка. Истите, со соодветна потврда се привремено одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.