Девојка исчезна во Сараево

Ведрана Цуцо од Босна и Херцеговина последен пат е видена во трговскиот центар „Алта“ во Мариндвор, по што и се губи трага и се води за исчезната.

Таа е исчезната во Сараево, а живее во Тарчин.

Ведрана носела сини фармерки и кожна јакна во крем боја, а висока е околу 164 сантиметри, велат членовите на нејзиното семејство.

Како што велат тие, таа била повлечена девојка.

Нина, сестрата на Ведрана, вели дека пријавиле во Општина Хаџиќи, но бидејќи се работи за полнолетна личност, треба да се чекаат 48 часа пред да се започне истрага.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.