сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 5

Девојка му се заканувала на полицаец со пластичен пиштол

Полицаецот реагирал и и' го одзел пиштолот при што забележал дека е пластичен.

policija-640x426

Последни вести

Полициски службеник вчера во Валандово на улицата „Првомајска“ сопрел „Голф“ со штипски, управувано од Т. Т. (35) од Штип, поради констатиран сообраќаен прекршок.
Кога полицискиот службеник побарал документи за идентификација Т.Т. почнал да го навредува и омаловажува, а Ќ.С. (20), сопатничката во возилото изјавила дека не носи лична карта, по што извадила пиштол и го вперила во полицискиот службеник.
-Истиот реагирал и и го одзел пиштолот при што забележал дека е пластичен. Лицата се приведени во полициска станица. Против Т.Т. ќе биде поднесена прекршочна пријава по чл.13 ст.2 од ЗППЈРМ, додека против Ќ.С. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.382 ст.3 од КЗ на РМ, информираат од полицијата.

Најчитани вести