Девојка од Алјаска со своето пеење ги воодушеви Сараевци

Минувачите низ центарот на Сараево беа воодушевени од девојка која стоејќи на една од улиците изведуваше оперски арии.

Како што овбјавија босанските медиуми, девојката се вика Челзи и потекнува од американската сојузна држава Алјаска.

Снимка од неверојатната изведба на Челзи на аријата „O mio babbino caro“ од операта „Џани Скики“ на Џакомо Пучини, беше објавена на ЈуТјуб и за неколку дена се прошири на сите социјални мрежи.