Свет

Девојка почина од пилули за котрацепција

Девојка почина од пилули за котрацепција

Дваесет и едно годишна девојка ненадејно почина откако пред три дена се онесвестила од пилули за котрацепција, тврдат нејзините родители, пренесуваат британските медиуми.

Фалан Курек ненадејно се онесвестила на скалите во нејзиниот дом на почетокот на месецов, откако претходно повраќала и побледела додека се мачела да земе воздух.

Таа поминала три дена на интензивна нега, но лекарите утврдиле дека мозокот нема функција, а само неколку часа подоцна починала на 14-ти мај.

Како причина за смртта се наведува белодробен емболизам, но нејзините родители тврдат дека лекарите рекле дека била предизвикана од пилули за контрацепција што девојката ги земала 25 дена претходно.

Само три недели откако почнала да го зема лекот, Фалан почнала да чувствува потешкотии во дишењето и болки во нозете и ребрата.

Татко и ја однел во болница на проверка, каде и бил направен електрокадрдиограм (ЕКГ) но четири дена таа се онесвестила на скалите.

– Лекарите знаат дека пилулите може да предизвикаат згрутчување на крвта. Ние неможеме да ја вратиме, но можеби можеме да спасиме друг живот, велат нејзините родители.