Девојка повредена во сообраќајка во Битола

Млада девојка е повредена во сообраќајка што доцна синоќа се случи во Битола. Околу 01,00  по полноќ во Битола на ул.„Никола Тесла“ случена е сообраќајна незгода во која возило „Рено Клио“ со битолски регистарски ознаки управувано од И.Б.(24) удрил во врата од куќа и столб.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.Т. (25) од Битола и истата била пренесена во Клиничката Болница во Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.