Девојка со автомобил се забила во фризерница

Девојка со својот автомобил влетала во фризерница во скопската населба Карпош. Несреќата се случила денеска, нешто пред 14 часот, на улицата Гиго Михајловски, позади Симпо во Карпош 1, објави „Република“.

Според изјавата на девојката претходно во задниот дел на најзиното возило удрил друг автомобил.

16-520x388

Поради нејзиното неискуство и паниката таа свртела со воланот и завршила во локалната фризерница.

За среќа нема повредени во нереќата. Очевидците велат дека автомобилот кој удрил во фордот што завршил во фризерница се движел бавно. Ударот бил слаб, но паниката и неискуството си го направиле своето.

Повеќе фотографии на „Република“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.