Девојка тешко повредена на автопатот Гостивар – Тетово

Дваесет и петгодишната скопјанка Е.П. се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 17:30 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучката за Камењане.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале три возила, „голф“ со косовски ознаки управуван од 49-годишниот У.Е. од Косово, „мерцедес“ со скопски таблички кој го управувал 31-годишниот Д.Ѓ. од скопско Стајковци и теренско возило „мерцедес“ со тетовски ознаки управувано од тетовецот 28-годишниот Ш.Р.

Девојката, која била сопатничка во автомобилот „мерцедес“, се здобила со тешки повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската болница, итно е пренесена во Ургентниот центар во Скопје каде се наоѓа надвор од животна опасност.

Возачот на „мерцедесот’ минал со полесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.