Девојка тешко повредена во сообраќајка

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредено дете

Девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат с.Кадино-с.Миладиновци-Скопје.

Како што информира МВР, утрово околу 04,00 часот на локалниот пат с.Кадино-с.Миладиновци-Скопје, случена е сообраќајна незгода во која автомобил „Тојота Корола“ со скопски регистерски ознаки, а управуван од Д.С.(27) изгубил контрола над истото и излетал од коловозот по што се превртел во нива.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Г.М. (22), а со телесни повреди се здобила другата сопатничка од возилото Н.Н.(31) и двете од Скопје.

Истите биле префрлени во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде Г.М. била задржана за понатамошно лекување, а Н.Н. по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.

На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.