Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Охрид

Тешка сообраќајна несреќа се случила денес околу 11 часот на стариот пат Охрид – Струга. До несреќата дошло кога се судриле патничко возило и мини- бус, јавува Охрид Њуз.

Според извори на Телма во оваа сообраќајкајна несреќа загинала дваесет и шестгодишна девојка која управувала со автомобилот.

Таа починала на пат кон болницата Св Еразмо. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Возачот и патниците од минибусот биле примени во болницата и сите се надвор од животна опасност.

ФОТО: Охридњуз.мк

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.