Девојката која ја изгуби раката во напад од ајкула е бремена

Бетани Хамилтон која во 2003 ја загуби раката откако беше нападната од ајкула обелодени дека со сопругот Адам Диркс очекува син!

Оваа девојка и по губењето на раката не се откажа од сурфањето. Таа дури и стана национален шампион во сурфање. Во 2011 беше снимен филм по нејзината автобиографска книга книга во која ја раскажа својата борба  „Soul Surfer: A True Story of Faith, Family, and Fighting to Get Back on the Board“.

Сега Бетани е бремена и продолжува да сурфа.

– Можеби кога ќе ми порасне стомакот многу, ќе направам пауза и само ќе пливам и ќе уживам.

Но, од океанот никогаш нема да се откаже!