Девојката на Немцов добила закани по живот

Девојката на убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов која беше со него во моментот на убиството, пријавила во полиција дека добила закани по животот, пишува Танјуг повикувајќи се на соопштението од украинските обвинители.

-Гана Дурицка пријави дека од непознати лица по доаѓањето во домот на нејзините родители, каде престојува по враќањето во Киев,  добила закани по животот, соопштува државниот обвинител.

По заканите обвинителството наложило да се преземат сите неопходни мерки за да се заштити животот и здравјето на манекенката.

Исто така, во соопштението се наведува дека полицијата во Киев покренала истрага за обид за убиство на Дурицка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.