Девојката од Нови Сад не била мртва фрлена на улица, туку загинала во сообраќајка!

Девојката за која се мислеше дека е убиена и фрлена од автомобил, всушност починала во сообраќајна несреќа.

Прво се мислеше дека безживотното тело на девојката е исфрлено околу 18 часот од непознато возило на Сомборскиот булевар во Нови Сад во населбата Телеп. Според првичните информации настрадала дваесет и осумгодишната Марија М., која работела како келнерка во кафуле кое се наоѓа во близина.

Очевидците тврделе дека прво слушнале пукање, по што телото на девојката одеднаш се појавило на десната коловозна лента од Лиман кон Путошки пат.

ns

Меѓутоа како што дознава српски Курир девојката била удрена од возило. Таа била отфрлена и паднала на улица, по што налетал таксист и преминал преку неа. Таксистот веднаш запрел и се обидел да и помогне, но било предоцна!

Брзата помош стигнала набрзо, но лекарите само ја констатирале смртта на девојката.

Полицијата веднаш го блокирала за сообраќај местото, а истрагата се уште е во тек. Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ наложил сите единици од Нови Сад и околината да се вклучат во потрагата по возилото со кое била усмртена девојката!