Девојката од сообраќајката на Партизанска, се’ уште во критична состојба

Повредената 20 годишна скопјанка во  сообраќајка, што викендов се случи на булеварот Партизански одреди  кога патничко возило „ауди“ удрило во паркирано возило, а потоа и во сендвичарницата „Вили“, е со повреди на главата и во многу тешка и здравствена состојба. Таа се’ уште е на интензивна нега на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Другите двајца повредени во сообраќајката, девојка и момче на возраст од 20 и 19 години, се исто така со телесни повердени.  Момчето, откако било згрижено на Трауматологија, по барање на своите родители  е  префрлено на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“. Оттаму  немаме информации во каква здравствена состојба е, поради политиката на клиниката, додека втората повредена девојка е пуштена на домашно лекување.

Како што известија од Министертсвото за внатрешни работи, увидот траел до рано изутринава, но  се’  уште не се познати причините поради што  се случила несреќата.
Министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, информираше дека лицето кое управувало со возилото немало возачка дозвола, а автомобилот не бил регистриран и не бил во негова сопственост.