Девојката од Србија која исчезна во Лондон им се јави на родителите

– Мајко жива сум, во болница сум, не ме прашувајте ништо, само дојдете по мене. Ова биле зборовите на 20-годишната Кристина Фењсароши која од 3-ти јуни исезна во Лондон. Девојката им телефонирала на нејзините родители во Србија. Мајка и’  Тимеа за српски „Курир“ потврдила дека Кристина се наоѓа во болница.

– Само кратко ми порача да не се грижиме и да дојдеме по неа во Лондон. Сега ништо друго не е важно, но повеќе никогаш нема да дозволиме да оди во странство да работи. Многу лоши работи ни се свртеа во глава изминатитите денови. Се договоривме мојот сопруг да оди во Лондон и да ја донесе Кристина. Среќни сме што оваа драма заврши, изјавила Тимеа Фењсароши.

Како што раскажуваат родителите, Кристина пред три недели преку една агенција заминала во Лондон да работи, а пред неколку дена  таа не се појавила на работа во Ројал Гранд хотелот, од каде и се губи секаква трага.

Дека нешто чудно се случува, нејзината мајка заклучила откако по неколку испратени пораки на нејзиниот профил на Фејсбук, Кристина не и одговорила.

– Така комунициравме откако пред три недели замина за Лондон да работи. Стапив во контакт со нејзината цимерка која и порано работела во Лондон. Таа ми потврди дека Кристина исчезнала и дека никаде ја нема, изјавила мајката на девојката.