Девојката тешко повредена на концерт во МКЦ, сместена на интензивна нега

Девојката која беше повредена за време на концерт во МКЦ се наоѓа во одделот за интензивна нега во Ургентниот центар во Скопје.

Девојката била примена со повреди на главата. Поради природата на повредите била задржана на одделот за интензивна нега, под надзор на невро хирурзи.

Дваесет и петгодишната девојка, врз кој синоќа падна фан на групата Сепултура, според лекарите, е надвор од животна опасност.