Девојки од Албанија уапсени во кафеана во тетовско

Утрово по полноќ во угостителски објект во тетовското село Боговиње при акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР-Тетово, затекнати биле четири девојки од Р.Албанија кои во моментот ги забавувале гостите со играње и пеење.

Во објектот бил затекнат и еден музичар, исто така, албански државјанин.

По утврдување на нивниот идентитет било констатирано дека се работи за лицата Ѓ.И. (27), Л.К. (26), М.Е. (21), Ч.Ј. (26) и Л.Ф. (37).

Наведените лица се приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка. При акциската контрола, А.Л. (44) од село Боговиње ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените задачи. Поради тоа истиот е приведен и задржан во СВР Тетово за понатамошна постапка.