Зошто слободните девојки „паѓаат“ на оженети мажи

Дали навистина забранетото овошје е најслатко или станува збор за некои други фактори…

За жената да смета дека некој маж е привлечен, освен физичкиот изглед тој треба да задоволи и некои други фактори. Експертите сметаат дека оженетите мажи поседуваат некои од тие клучни фактори. Дознајте зошто некои жени „паѓаат“ на оженети мажи.

Затоа што се подготвени за сериозна врска

Слободните жени што бараат сериозна врска зад себе имаат голем број пропаднати обиди со партнерите што или не биле сигурни што сакаат или подготвено го прифатиле фактот дека им е подобро да бидат во минлива врска или да уживаат во кратка авантура. Токму поради тоа, мажите пто одлучиле да го поминат животот со една личност изгледаат мошне привлечно и пожелно.

Затоа што знаат да прифатат одговорност

Иако сите сме свесни дека бракот не мора нужно да симболизира одговорност, сепак за мажите што веќе го кажале судбоносното „да“ статистиката им оди во корист. Истражувањето потврдило дека поголемиот дел оженети мажи се вработени и одговорно се грижат за сопственото семејство. Иако тоа не е секогаш така, оваа карактеристика на жените им е мошне позитивна и привлечна.

Затоа што не се срамат да покажат емоции

Жените што се во потрага за „оној вистинскиот“ свесни се колку е тешко да запознаете личност што знае што сака и што искрено ќе ги открие сопствените планови, желби и намери. Оженетите мажи веќе ги покажале своите емоции на личноста што ја избрале за своја животна партнерка и тоа е особина што се цени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.