Девојки, совршениот маж се наоѓа на Балканот!

Словенците во просек трошат 114 минути дневно за извршување домашни работи, покажало истражувањето на Светската организација за економска соработка и развој.

Ова на некој начин ги прави Словенците совршени мажи.

Најмалку време за домашните обврски трошат мажите во Индија – само 19 минути.

Експертите, како главна причина за ова ги наведуваат културолошките разлики, но ни Европјаните од некои поразвиени земји не се многу повредни. Италијанците минуваат нецел час помагајќи им на сопругите, Унгарците малку повеќе од тоа, а Турците 21 минута.

Веднаш зад Словенците, највредни мажи се Данците, па Естонците, а Французите се на четвртото место со потрошени 98 минути на домашни работи.

Експертите дополнуваат дека поделбата на работата дома е директно поврзана со економската моќ – разликата во платите меѓу мажот и жената. Токму од тие причини во општествата каде разликата е поголема, помалку платените жени на себе ќе преземат повеќе обврски во домаќинството.