вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Девојки, вратете го жарот во спалната соба!

Лесно е да го имате најдобриот секс од вашиот живот, потребен ви е партнер и да ги следите овие упатства:

inicira-seks-640x396

Поврзани вести

Сѐ може да биде подобро, па дури и сексот. Важно е да работите на тоа и плус да знаете… Како велат: „Со вежба до совршенство.“

Лесно е да го имате најдобриот секс од вашиот живот, потребен ви е партнер и да ги следите овие упатства:

1. Немојте да глумите оргазам

Да бидеме реални – лажирањето оргазми за некои жени е сосема нормално и веќе преминато во навика. Дури 60% од жените признаваат дека барем еднаш одглумиле оргазам. Ако ова ви премине во навика, тоа може да предизвика сериозни проблеми со интимноста, пад на самодовербата, но и со самата врска. Ако не му кажете што ви годи, а што не и дека постигнувате оргазам, тој ќе мисли дека сѐ е во ред и нема ни да се потруди да ви го пружи задоволството кое го заслужувате.


2. Бидете искрени еден со друг

Секогаш бидете отворени и искрени со партнерот. Истражувањата покажуваат дека поотворените и попозитивните партнери постигнуваат поголемо сексуално задоволство. Ако партнерот постојано прави нешто што не ви се допаѓа, не молчете туку едноставно кажете му.


3. Бидете јасни и гласни

Престанете да се воздружувате. Слободно изразете се и пуштете глас. На тој начин ќе го охрабрите партнерот и ќе му дадете до знаење дека ви е убаво и дека сте многу возбудени.


4. Што повеќе, тоа подобро

Од голема важност е да се усовршувате во сексуалните авантури, а праксата е единствениот начин за тоа. Честите сексуални односи водат до подобар секс затоа што така ја зголемувате вашата самодоверба, се зближувате со партнерот и станувате посреќни и поздрави.


5. Бидете иновативни

Немојте да ја занемарите креативноста и да заборавите да испробувате нови нешта. Пробајте со секси играчки или долна облека, лубрикант, а добра идеја е и некоја нова поза или локација.


6. Следете го своето расположение

Нормално дека вашето расположение варира во текот на денот, а со тоа, варира и сексуалното расположение. Ако се чувствувате дека сакате емоционална поврзаност или пак едноставно посакувате контакт со очите, пробајте со мисионерската поза. Ако се чувствувате оптимистично и авантуристички настроени, пробајте нова поза.

Најчитани вести