Девојките од Босна кои пребегнаа кон џихад, сакаат да се вратат дома

Двете австријски тинејџерки од босанско потекло кои ги напуштија семејствата и избегаа во Сирија за да им се придружат на џихадистите на Исламската држава, сфатиле каква кардинална грешка направиле и сакале да се вратат дома, пишуваат австриските медиуми.

Се верува дека Самра Кешиновиќ (17) и Сабина Селимовиќ (15) се трудни и дека се мажени за борци на Исламската држава и дека живеат во Рака, град кој е под контрола на ИС на северот на Сирија.

Девојките во април избегаа од Виена каде што живееја и одеа во исто училиште, а на семејствата им оставија проштални пораки.

Но, шест месеци подоцна двете девојки сакаат да се вратат дома. Ги контакрирале семејствата и им рекле дека не можат да живеат живот меѓу милитантите.

Но како што велат се плашат од тоа како ќе ги прифати општеството од кое неодамна се одрекоа за да избегаат во џихадистичкиот „рај на земјата“.

Освен тоа, австрискиот закон не дозволува нивно враќање дома.

„Еднаш ако заминат, невозможно е да се вратат во Австрија,“ изјави портпаролот на австриското Министерство за надворешни работи, Карл Хајнц Грундбек.