Девојките соучеснички во убиството на Лука на ново сослушување

Во Третото основно тужителство во Белград денеска повторно ќе бидат сослушани Тамара Богдановиќ и Милица Новаковиќ, кои заедно со бегалецот Марко Миличевиќ биле во “мини кантримен” – от  кога на 25. јули на Бранковиот мост го удрил Лука Јовановиќ, кој подоцна почина.

– Богдановиќ и Новаковиќ ќе бидат повторно испрашувани на нивно барање и ќе видиме дали ќе кажат нешто ново, изјави за Танјуг тужителот Борис Павловиќ.

Тој додадал дека утре повторно ќе се изврши препознавање на осомничениот Братислав Весовиќ.
Двете девојки, кои тврделе дека не го познаваат, односно кобната вечер не го виделе Весовиќ кој е осомничен како главен помагач на бегалецот Миличевиќ, ќе бидат повикани да го идентификуваат помеѓу повеќе лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.