Дезинфекција на улиците во тетовско

Почнувајќи од вчера во вечерните часови, во подрачјата на тетовскиот регион, зафатени со поплавите, се врши дезинфекција на улиците, информираат од Министерството за здравство.

Како што соопштуваат од Министерството, станува збор за организирана интердисциплинарна акција во која се вклучени повеќе надлежни институции, меѓу кои: Министерството за здравство, Армијата на Република Македонија, локалната самоуправа преку јавното комунално претпријатие, како и Министерството за внатрешни работи во делот на логистичка поддршка.

Во моментот, во подрачјата кои беа зафатени од поплавите нема опасност од контаминација и ширење заразни заболувања, а акцијата за дезинфекција се спроведува превентивно, според препораките од експертите од областа на хигиената и епидемиологијата. Со оваа акција се заокружуваат активностите за расчистување на подрачјата зафатени од поплавите и навремена реакција и спречување на појавата на можни последици од истите, се наведува во соопштението.

Од Министерството за здравство информираат дека акцијата за дезинфекција ќе се спроведува и во текот на денешниот ден, во периодот од 23 часот навечер до 6 часот наутро.

Груевски: Штетите од поплавите во тетовско ќе бидат целосно санирани

Премиерот Никола Груевски вчера во рамки на посетата на тетовскиот регион оствари средба со жителите на Доброште и изврши увид во градежните работи што се преземаат во насока на санирање на штетите од поплавите со кои беше зафатено и ова населено место.

Груевски: Штетите од поплавите во тетовско ќе бидат целосно санирани
Груевски: Штетите од поплавите во тетовско ќе бидат целосно санирани

Груевски истакна дека институциите ќе продолжат да се ангажираат и во наредниот период се до целосно санирање на состојбите. Жителите на овој регион изразија благодарност до премиерот за неговата посета и, како што рекоа, неговиот ангажман за помош во санирање на состојбите по поплавите. Тие изразија благодарност што Владата и сите надлежни институции брзо реагирале за санирање на штетите.

Едно од семејствата на кои им беше оштетен домот од поплавите се заблагодари за поддршката од Владата со еднократна помош и помошта за обештетување, но и поддршката од Градот Скопје и од Армијата на Република Македонија кои со градежна механизација помогнале во санирање на состојбите од поплавите.