Дезир: Tреба да се побара од Грција поголема контрола на границата

Од Гевгелија кон Табановце утрово заминале околу 600 мигранти
Од Гевгелија кон Табановце утрово заминале околу 600 мигранти

Ќе треба да се побара од Грција поголема контрола на границата и изградба на прифатни центри за бегалците.

Ова го истакна државниот секретар за европски прашања од Министерството за надворешни работи и меѓународен развој на Франција Арлем Дезир кој заедно со државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска попладнево го посетија  железничкиот премин Табановце каде што се информираа за состојбата на мигрантите.

Илиеска, како што пренесува МИА, ијазви дека не постои идеален начин за справување со кризата. Неопходна е регионална и поширока поддршка за надминување на ваквата состојба.

Дезир: Ќе треба да се побара од Грција поголема контрола на границата
Дезир: Ќе треба да се побара од Грција поголема контрола на границата

Овде не станува збор само за хуманост, туку и за одговорноста што ја имаме сите ние кон мигрантската криза и кон националната безбедност и заштита. Не постои идеален начин со кој што во одреден период некој би се справил со оваа криза без соработка на регионално, но и на пошироко ниво, така што помошта што треба едни на други да си ја даваме и поддршката што во моментов на Македонија и треба е огромна. Се надеваме дека  ЕУ ќе излезе во пресрет, изјави Илиевска.

Таа додаде дека мигрантите во Македонија влегуваат од граница на земја членка на ЕУ и овој факт не треба да се заборави. Затоа треба да се отиде на терен и таму да се преземат конкретни активности за справување со кризата со која се соочува цела Европа.

Дезир: Франција е подготвена да и се помогне на Македонија

Државниот секретар од француското МНР Дезир укажа на подготвеноста да и се помогне на Македонија во справувањето со овој предизвик.

Ние сме определени да и помогнеме на македонската Влада, сите земји членки да и помогнат при соочуваењто со тие предизвици, а за постигнувањето на таа цел ќе бидат мобилизирани сите служби, подвлече Дезир.

Тој додаде оти е потребно е да се зголеми контролата на границите, бидејќи нема да им се  дозволи влез на бегалци кои од економски причини сакаат да ја напуштат својата земја.

Дезир: Ќе треба да се побара од Грција поголема контрола на границата
Дезир: Ќе треба да се побара од Грција поголема контрола на границата

Исто така ќе треба да се побара од Грција поголема контрола на границата и изградба на прифатни центри за бегалците, рече францускиот државен секретар.

Според францускиот државен секретар, ниту една земја неможе да справи со овој предизивик, но решението не е градење ѕидови или поставување бодликава жица. Тој рече дека аамо со здружување ќе може да им се помогне на бегалците.

Во ЕУ забележуваме луѓе бегалци кои се обидуваат да избегаат од војната, од диктатурата и навистина од таа криза се погодени сите земји од ЕУ и затоа треба целокупната меѓународна заедница  да даде одговор, треба сите заеднички да се мобилизираме. Македонија која што е земја кандидат за влез во ЕУ,чија што иднина се наоѓа во ЕУ треба да ја подели и да биде дел од таа целокупна европска солидарност, изјави Дезир.

Тој ја поздрави работата на Високиот комесаријат за беглаци, Црвениот крст на Македонија, невладините организации од аспкет на солидарноста и хуманоста, апелирајќи дека треба да им се помогне.

Дезир: 14-ти септември е важен датум

Одоговарајќи на новинарски прашања, Дезир истакна дека 14-ти септември е важен датум кога министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе одржат состанок на кој ќе се донесат мерки за соработка и за спроведување на мерките кои ќе помогнат на бегалците да им се даде политички азил, но и дека ќе се побара поголема контрола на границите со ЕУ со цел да се спречи бран на бегалци и поголема контрола на Италија и Грција, бидејќи тука доаѓаат бегалците кои преку балканот се упатуваат кон Европа.

Во Франција годишно има 62.000 баратели на азил, на дел им се удоволува, на дел не. И Франција одлучила да прими дополнителна бројка од 9.000 мигранти кои во моментов се во Грција или Италија и смета дека сите треба да прифатат одреден број бегалци и не се согласуваат со тоа дека одредени земји велат дека не се засеганти од повој проблем.