Спорт

Ди Канио не сака никаков контакт со Лотито

Ди Канио не сака никаков контакт со Лотито

Контроверзниот италијански стручњак, Паоло ди Канио, на најоригинален начин објасни зошто не е заинтересиран за тренерската функција во редовите на римскиот калчолигаш Лацио.

Веднаш по првенствениот натпревар против екипата на Верона, раководните лица на Лацио го отпуштија познатиот швајцарски стручњак, Владимир Петковиќ, со образложение дека последните резултати во националниот шампионат се неприфатливи и дека се незадоволни од моменталната позиција на табелата.

„Јас, тренер на Лацио? Никогаш во мојот живот или попрецизно кажано, се додека Клаудио Лотито седи во претседателската фотеља. Не ми се допаѓа таа личност, јас тоа не го кријам, не станува збор за некаква тајна”, изјави Ди Канио.