Ди Каприо: Глобалното затоплување не е фикција

Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо, вчера на самитот за климатските промени во Обединетите нации во Њујорк, ги повика светските лидери да престанат проблемот на глобалното загревање да го гледаат како „фикција“, пренесуваат светските агенции.

– Како актер, јас полагам право на живот. Често играм измислени ликови кои решаваат фиктивни ситуации. Верувам дека човештвото досега ги гледаше климатските промени на ист начин – како да станува збор за фикција, рекол Ди Каприо како претставник на генералниот секретар на ОН за климатски промени.

Познатиот актер во говорот пред 120 светски лидери повикал на воведување посебен данок за испуштање на јаглерод и укинување на субвенциите кои владите во светот ги даваат за нафта, јаглен и гас.

– Ова е најитен момент и најитна порака: лидери на земјите во светот, јас полагам право на живот, но не и вие. Сега е ред на вас, дојде моментот човештвото да одговори на најголемиот предизвик. Ве преколнувам тоа да го сторите храбро и поштено, порачал Ди Каприо.

Претседателите на Франција, Јужна Кореа и Германија во своите обраќања на самитот во Обединетите нации ветија помош, секој по една милијарда долари, во испразнетиот Фонд за помош на сиромашните земји за да се прилагодат на последиците од климатските промени.