Ди Мариа може да бира помеѓу Монако, Ареснал, ПСЖ

Дека аргентинскиот интернационалец од редовите на новиот европски клупски шампион, Реал (М), Анхел ди Мариа, стои на излезната врата од “Сантијаго Бернабеу”, потврди и новинарот на познатиот спортски сајт во Аргентина, “УОЛ Спорт”.

Аргентинскиот новинар потврди дека крилниот напаѓач веќе има добиено неколку примамливи понуди и поголемите клубови од Европа и најверојатно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

„Точна е информацијата дека Ди Мариа ќе си замине од редовите на Реал (М). Анхел сака промена на клупската средина. Најверојатно името на новиот клуб ќе биде познато пред крај на престојниот Мундијал во Бразил. Веќе понуда на неговата адреса испратија раководните лица на Арсенал, ПСЖ и Монако. Понуда во следниот период ќе испратат и челниците на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Јувентус”, изјави новинарот на “УОЛ Спорт”.