Ди Мариа во ПСЖ за 60 милиони евра

Пред да стартува Мундијалот во Бразил, сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, одвоија 49 мил. евра за услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Челзи, Давид Луиз, но сега инвеститорот од Катар е подготвен да одвои уште поголема парична сума за потписот на аргентинскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Анхел ди Мариа.

Крилниот напаѓач на новиот европски клупски шампион пред неколку недели изјави дека нема ништо сигурно кога е во прашање неговата иднина, дека е можно да остане на “Сантијаго Бернабеу” или пак да ја смени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Фудбалските медиуми во Шпанија пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека челниците на ПСЖ испратиле официјална понуда за Ди Мариа и истата не е помала од 60 мил. евра.

Таква понуда но во следните неколку дена би требало да испратат и челниците на Манчестер Јунајтед.