Ди Мариа: Во Реал бев само поради Роналдо

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој на „Олд Трафорд“ дојде од Реал Мадрид, Анхел Ди Марија, изјави дека на „Сантијаго Бернабе“ настапувал поради тоа што е пријател со најдобриот фудбалер на клубот, Роналдо.

Италијанскиот фудбалски стручњак кој е тренер на мадриѓаните, Анчелоти, нагласува дека Аргентинецот на Островот се преселил затоа што таму му бил понуден богат договор.

Фудбалскиот интернационалец од селекцијата на „Гаучосите“ дебитираше за Јунајтед во реми натпреварот против Барнли, 0:0, а во клубот дојде со зделка од 75 милиони евра.

„Во Реал Мадрид бев поради тоа што сум пријател со Роналдо. Се преселив на најдобар начин, со освојувањето на титулата во Лигата на шампионите“, вели Ди Марија.

„Благодарен сум му на Манчестер Јунајтед што одговори на понудата на мојот клуб и чест ми е што ова е најскапата фудбалска зделка во Англија на сите времиња“, додава искусниот репрезентативец на „Гаучосите“.

„Во ова првенство се форсира подготовката, додека во Шпанија акцентот е на фудбалот. Ван Гал ми порача да се прилагодам на Англија“, заклучи Аргентинецот за островските медиуми.