Спорт

Луј Ван Гал реши дека Ди Марија треба да биде драстично казнет – 4.300.000 евра

Луј Ван Гал реши дека Ди Марија треба да биде драстично казнет – 4.300.000 евра
Ниту казната од над 4 милиони евра нема да биде пречка за трансферот на Ди Марија во ПСЖ

Имено, раководството на ПСЖ го договори трансферот на Ди Марија за сума од 61.500.000 евра, но оваа првична цена која шампионот на Франција требаше да ја плати ќе биде зголемена на речиси 66.000.000 евра.

Не е тајна дека Аргентинецот замина во Доха на лекарски прегледи, но за време на престојот направи катастрофална грешка. Ди Марија се сликаше со синот на Насер ал Келаифи, а детето веднаш се пофали на социјалните мрежи.

Оваа слика вреди 4.300.000 евра
Оваа слика вреди 4.300.000 евра

Сепак, аргентинскиот ас во Доха бил без дозвола од клубот, а менаџерот на Јунајтед, Луј Ван Гал реши дека Ди Марија треба да биде драстично казнет, ни помалку ни повеќе – 4.300.000 евра.

Тоа е всушност еден вид ултиматум и за раководството на ПСЖ, бидејќи доколку не ја исплатат казната на нивната нова аквизиција, трансферот нема да се реализира.

Како и да е, парите не се проблем за Ал Келаифи, така што оваа сума сигурно нема да биде пречка за овој трансфер, па се очекува следните денови Ди Марија и официјално да стави потпис на договор со “светците”.