Ди Марија: Роналдо нема да се врати во Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Анхел ди Марија, изрази верување дека Кристијано Роналдо нема да се врати меѓу „црвените ѓаволи“.

Во последно време во медиумите се шпекулираше за преселба на Португалецот во поранешниот клуб, а и самиот Роналдо изјави дека би сакал повторно да заигра за Манчестер.

Како и да е, искусниот фудбалски репрезентативец на Аргентина кој е член на Јунајтед не мисли така.

„Мислам дека нема да дојде тука, тешко е да се напушти Мадрид“, вели одличниот ди Марија.

„Тоа би било можно доколку таму не е одличен, но Роналдо ужива во Реал Мадрид и не гледам дека не сака промени“, рече Аргентинецот.

Роналдо на „Олд Трафорд“ беше меѓу најдобрите од 2003-та до 2009-та година, додека потоа се пресели во „кралскиот клуб“.

Извор: Курир.мк