Дибиров и Гонзалез во најдобриот тим во СЕХА лигата за октомври

Играчот Тимур Дибиров и стратегот Раул Гонзалез се претставниците на македонскиот, европски и регионален шампион, Ракометниот клуб Вардар во најдобриот тим за октомври во СЕХА лигата.

Вардар, кој е единствениот тим со максимални шест победи, во октомври оствари две над ППД Загреб пред својата публика и Целје на гостувањето во Словенија.

Дибиров на двата меча постигна по шест гола и заслужено се најде во најдобриот тим, во кој како тренер е избран вардаровиот предводник Раул Гонзалез, што е второ вакво признание за Шпанецот.

Покрај Вардар и екипите на Мешков Брест, Татран Прешов и Горење Велење имаа успешни настапи, па затоа токму играчи од овие екипи се најдоа во тимот на месецот.

Тим за октомври во СЕХА лигата:
голман – Клемен Ферлин (Горење Велење)
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
десно крило – Бруно Буторац (Татран Прешов),
пивот – Марин Шипиќ (Нексе),
левиот бек – Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб), среден
централен бек – Лука Митровиќ (Целје Пивоварна Лашко),
десен бек – Константин Игропуло (Мешков Брест),

Тренерот – Раул Гонзалез (Вардар).

Натпреварите во регионалната лига ќе продолжат со два меча во сабота, додека Вардар и Металург ќе играат на 14 и 15 ноември. Вардарци го пречекуваат Динамо Панчево, а Металург ќе гостува во Брест кај Мешков.