Дибиров и Лазаров продолжуваат со одличните голгетерски партии

И по четвртото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, Тимур Дибиров и Кире Лазаров се наоѓаат на врвот помеѓу најдобрите стрелци.

Дибиров одигра одличен натпревар за Вардар на гостувањето кај Монпеље постигнувајќи 9 погодоци, па сега со вкупно 31 гол се наоѓа на третото место на оваа листа.

Лазаров пак има вкупно 26 гола, рачунајќи ги и вчерашните пет против тимот на Колдинг, и е на делба на шестото место со Миха Зарабец, најдобриот играч на Целје.

ТОП-10 СТРЕЛЦИ ВО ЛШ

Момир Илиќ (Веспрем) 33

Деан Бомбач (Пик Сегед) 32

Тимур Дибиров (Вардар) 31

Матје Гребиј (Монпелје) 31

Жолт Балог (Пик Сегед) 29

Кирил Лазаров (Барселона) 26

Милош Зарабец (Целје) 26

Томас Могенсен (Фленсбург) 25

Микел Хансен (ПСЖ) 24

Немања Зеленовиќ (Висла) 24

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.