Спорт

Диего Коста достапен само под еден услов

Диего Коста достапен само под еден услов

Иако е желба на најбогатите клубови од Европа, раководните лица на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), планираат во следните неколку недели да му понудат, нов, далеку побогат договор на најдобриот фудбалер на „Винсенте Калдерон”, новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста.

Шпанските медиуми веќе потврдија дека челниците на Атлетико (М) веќе оствариле контакт со агентот на Диего Коста и за време на состанокот го информирале дека брзоногиот напаѓач има отворена понуда за нов четиригодишен договор, а во истиот ќе има нова ослободителна клаузула.

Доколку го потпише новиот договор, бомбардерот од „Винсете Калдерон” ќе добие дозвола за промена на средината само под еден услов, заинтересираниот клуб да ја исплати ослободителната клаузула во новиот договор вредна 50 милиони евра.