Спорт

Диего Коста ги сака сите можни трофеии

Диего Коста ги сака сите можни трофеии

Најскапата летна аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи, новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, вети дека ќе даде се од себе во новата клупска сезона, дека ќе бори за секоја топка со цел да ја исполни зацртаната цел, освојување на што е можно повеќе трофеи.

„Каква е мојата порака до најверните фанови на Челзи? Можат да бидат убедени дека јас ќе дадам се од себе за овој клуб, дека ќе се борам за секоја топка и се со цел, Челзи да освои што е можно повеќе трофеии во новата клупска сезона. Јас сум дел од една фантастична група со фудбалери, која сака да ги израдува најверните фанови, која сака да слави во сите можни натпреварувања. Ќе се бориме за сите трофеии”, изјави Коста.