Диего Коста и официјално нов напаѓач на Челзи

Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи и тие на новиот шампион на Шпанија, Атлетико (М), најпосле постигнаа договор околу веќе најавениот трансфер на брзоногиот напаѓач, Диего Коста.

Лондонскиот премиерлигаш на својата официјална страна потврди дека е постигнат договор и дека истиот ќе биде официјален откако репрезентативецот на Шпанија ќе ги помине задолжителните лекраски прегледи.

За да ги осигура услугите на најголемата ѕвезда во дресот на Атлетико (М), сопственикот на Челзи мораше да ја исплати ослободителната клаузула во неговиот договор, вредна 44 мил. евра.

“Од поодамна имам желба да играм во Премиер лигата. Зошто се одлучив за Челси? Затоа што е најдобриот англиски клуб”, изјави Коста за англиските медиуми.