Спорт

Диего Коста (не)сака преселба на Стемфорд Бриџ

Диего Коста (не)сака преселба на Стемфорд Бриџ

Иако на неговата адреса веќе пристигнаа неколку примамливи понуди, најголемата ѕвезда во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Коста откри дека е среќен на “Винсенте Калдерон” и дека ќе нема ништо против доколу и следната сезона го носи дресот на актуелниот лидер во шпанската Примера дивизион.

„Искрено, јас не можам да ги разберам, не можам да ги сватам сите новинарски шпекулации. Постојано пишуваат за мене, постојано го читам моето име, но ништо не ми е јасно. Искрено, порано повеќе се замарав со новинарските шпекулации, сега сум поопуштен. Се што можам да кажам е дека сум среќен во Мадрид, дека сум среќен на „Винсенте Калдерон. Ќе немам ништо против доколку и во следната сезона го носам дресот на Атлетико (М). Не чуствувам никаква нервоза, фокусиран сум само на реванш полуфиналниот дуел против Челзи. Ќе биде многу интересно, ќе биде различно од Мадрид, но Челзи мора да нападне”, изјави репрезентативецот на Шпанија.

Лондонскиот премиерлигаш Челзи и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на брзоногиот напаѓач на Атлетико (М), а од продажбата на Коста, раководните лица на шпанскиот прволигаш очекуваат заработувачка од најмалку 40 мил. евра.