Диего Коста очекува офанзивна игра од Челзи

Најголемата ѕвезда во дресот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ја подгреа атмосферата пред утрешниот реванш полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со изјавата дека Челзи мора да нападне на “Стемфорд Бриџ”, бидејќи дефанзивната игра не е опција за лондонските “сини”.

“Не сум нервозен, знам дека ќе бидам дел од еден спектакуларен натпревар. Сакам да уживам во фудбалската игра. Очекувам сосема поинаков натпревар од тој во Мадрид. Челзи нема друга опција, не смее да игра дефанзивно, ќе нападне од првиот судиски свиреж. Сакам да славиме и во домашниот шампионат, сакам шампионската титула да ја освоиме пред домашните фанови, со победа во дуелот против екипата на Малага. Сепак, сега да се фокусираме на реванш дуелот против Челзи. Но сепак гостувањето во Лондон има приоритет”, изјави новопечениот репрезентативец на Шпанија.