Диего Коста продаден на Челзи за 42.5 мил. евра

Сите фудбалски медиуми во Шпанија и Англија ја пласираа сензационалната информација дека лондонскиот премиерлигаш Челзи е на само еден чекор од реализација на веќе најавениот трансфер на најдобриот фудбалер во дресот на Атлетико (М), Диего Коста.

Според тамошните медиуми, преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а актуелниот клуб на новопечениот репрезентативец на Шпанија, од неговата продажба очекува заработувачка од најмалку 42.5 мил. евра.

Дека има вистина во сензационалната информација потврди и предводникот на Атлетико (М), Диего Симеоне кој откри дека Челзи е најзаинтересиран кога се во прашање услугите на брзоногиот напаѓач.

„Се ќе зависи од Диего Коста, се е во неговите раце. Само Коста знае што е најдобро за неговата кариера. Јас ќе ја прифатам секоја негова одлука. Нормално е што Челзи покажа толку голем интерес за моите услуги. Свесни сме дека Челзи е многу моќен кога се во прашање финансиите. Јас бев немоќен и околу трансферот на Радамел Фалкао, не можев да му кажам дека не смее да потпише за Монако. Самуел Ето е веќе во поодминати години, а Коста може да биде идеална замена”, изјави аргентинскиот стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.