Диета „2+1“ – губите килограми и го зајакнувате имунитетот

Станува збор за диета, односно режим на исхрана што се заснова на научни истражувања.

Исхраната врз основа на зеленчук е мошне добра за подобрување на здравствената состојба, за да загубите килограми и да се чувствувате подобро. Овој режим на исхрана се заснова врз научни истражувања, а нејзина главна цел е да го поместите балансот и да ја ставите храната од растително потекло во преден план.

Воопшто нема потреба да се откажувате од месо, риба и од производи со животинско потекло, но главна улога треба да имаат растенијата.

Тоа со други зборови би значело: повеќе супер хранлив зеленчук и житарки во цело зрно, а помалку шеќери, сол и маснотии.

Она што е најдобро кај оваа диета е што ќе јадете повеќе, а ќе внесувате помалку калории, така што нема потреба да гладувате додека слабеете.

Растителната храна освен што е помалку калорична, таа исто така содржи и влакна што ќе ви помогне подолго време да се чувствувате заситени, а исто така ќе ви помогне и за подобро варење. Растителната храна исто така е добар извор на антиоксиданси, витамини и минерали што ви се потребни за зајакнување на имунитетот.

Од што се состои оваа диета?

Станува збор за мошне лесен и едноставен режим на исхрана. Се што треба да направите е прво да ја наполните чинијата со растителна храна и тоа две третини од чинијата треба да бидат наменети за зеленчук, житарки или овошје. Парчињата риба, црвено месо и јајцата треба да зафаќаат една третина од чинијата и да се држите до дозата од максимум 80 грама по порција. Ова значи дека природно ќе јадете поздрави порции.

Мошне просто и едноставно, нели!?