Диета „Утринска банана“: Уништува 5 килограми сало за една недела

Бананите се богати со скроб со низок гликемиски индекс, што значи дека подолго време се вари, а подолго време се чувствувате заситено. Истовремено делумно ја блокира апсорпцијата на јаглени хидрати.

Оваа диета која подразбира да го започнете денот со банана и филџан топла вода е позната како „утринска банана“ и е мошне едноставна.

Таа влијае на намалувањето на килограмите затоа што бананите всушност го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот.

Оние што сакаат да ја пробаат оваа диета би требало да избегнуваат вечера по 20 часот и да го избегнуваат десертот по вечерата. Исто така, несмеете да консумирате млечни производи а алкохол, а бананите треба да бидат свежи, а не печени или замрзнати.

Еве како треба да изгледа вашето дневно мени:

Појадок:

  • Една или повеќе банани (додека не се заситите);
  • една чаша топла вода.

Ручек:

  • Оброк по ваш избор и свежа салата;
  • Слатки и десерти можете да јадете до 15 часот ако се чувствувате гладно.

Вечера:

  • Оброк што содржи многу зеленчук;
  • Прескокнете го десертот.

Доколку се придржувате до овие правила, нутреиционистите тврдат дека за една недела ќе „скинете“ и до 5 килограми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.