Диета за забавување на стареењето

Причината поради која повеќето луѓе држат диета е потребата да загубарт вишок килограми или неколку сантиметри, но постојат диети и начини на исхрана дизајнирани за да влијаат врз здравјето поинаку.

Постојат докази дека драстичното кратење калории и исхраната на одреден начин пет пати дневно всушност ги забавува ефектите на стареење и го намалува ризикот од заболување како што се рак, срцеви болести и дијабетес.

Диетата се нарекува „диета што имитира пост“ и експертите наведуваат дека истата е во состојба да го трансформира телото на личноста.

Питер Бовс, кој учествувал во студијата спроведена за докажување на корисните ефекти на оваа диета објаснува дека овој начин на исхрана не треба да се гледа како диета, туку како „инвестиција во иднината“. Ова наводно ги поттикнува регенеративните процеси во организмот и го подобрува здравјето на подолги патеки. Доколку оваа теорија се покаже како точна, диетата го намалува ризикот од рак и од дијабетес, го зајакнува имуѕнолошкиот систем и ги подобрува когнитивните способности.

Луѓето што ја држат оваа диета го губат вишокот килограми, но тоа, како што наведуваат експертите не е приоритет, туку споредна појава.

Диетата всушност е мошне едноставна. Пет последователни дена во месецот учесниците треб а драстично да го намалат внесувањето калории, до две третини од просечниот дневен износ. Прв иот ден консумираат 1.090 калории (10 отсто протеини, 56 отсто масти, 34 отсто јаглени хидрати), а од вториот до петтиот ден 725 калории (9 отсто протеини, 44 отсто масти, 47 отсто јаглен хидрати). Најголемиот дел јаглен хидрати доаѓа од зеленчукот.

Сепак, оваа диета не е ниту лесна, ниту едноставна. Бовс пишува дека поголемиот дел од учесниците во студијата на почетокот имале главоболки и дехидрација или исцрпеност, но и подобрени ментални функции. Останатите 25 учесници во студијата се исхранувале вообичаено.

Студијата траела три месеци, а Валтер Лонго, професор по геронтологија и б иологија смета дека бенефитите од ваквиот режим би можеле да се постигнат ако програмата на исхрана се следи три до четири пати месечно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.