четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Диетата на Кејт Хадсон

kejt-hadson-1

Поврзани вести

Атрактивната русокоса актерка Кејт Хадсон не воодушевува со совршено дефинираните мускули, тонираниот тен и здравиот тен на кој секој може да и завиди… Еве како таа го постигнува тоа.

Кејт Хадсон по фантастичната кариера во светот на глумата реши да се обиде и со креативното пишување па неодамна ни ја претстави книгата „ Pretty Happy“ која го открива специфичниот начин на живот, исхрана, мода и стил.

Таа освен по фантастичниот талент за глума, позната е и како дама што води сметка за сопственото здравје и тело. Како што вели самата таа, нејзината тајна се крие во балансот од здравите намирници, вежбањето и мотивацијата што ја одржува активна.

Појадок

Колку и да сметаат луѓето дека утринскиот оброк е најважен во текот на денот, за Кејт тоа е најтешко.

Не сум од оние луѓе што се будат гладни. Тогаш сфаќам дека кога појадува,, помалку јадам во текот на денот или навечер вели таа.

Во поголемиот дел од случаите Кејт наутро се буди со филџан кафе и зелен сок. По тренингот што најчесто се заснова на возење велосипед, пилатес или познатиот програм на вежби на Трејси Андерсон, Кејт задолжително пие протеински шејк со што го заменува појадокот.

Алкална диета

Диетата на Кејт е алкална, така што се заснова на внесување здрави продукти како што е тофу сирење, ореви, овошје и зеленчук, а избегнува кисели производи.

Нашите тела се еден голем хемиски експеримент. Оваа диета го ограничува внесувањето на шеќери и глутен, а го отфрла конзумирањето месо и млечни производи, вели таа.

Растителна храна

По протеинскиот шејк што Кејт го пие по утринскиот сет вежби, актерката обично зема некој вид салата за ручек и задолжително една попладневна ужина пред вечерата. Исхраната на Кејт се заснова на пет помали оброци дневно во кои најмногу е застапена растителната храна.

kejt-hadson-2

Не се сеќавам кога последен пат сум јадела месо и месни преработки, додава Кејт.

Сепак тоа не значи дека таа цело време се држи до точно регулирана исхрана…

Ако сакам да излезам и да јадам во ресторан каде подготвуваат фантастична храна, ќе го направам тоа барем еднаш неделно. Сакам да се препуштам и понекогаш да правам нешта што можеби не се претерано здрави, заклучи таа.

Таа неможе да одолее на хавајска пица и на макарони со сирење (без глутен).

Кафе

kejt-hadson-3

Ако го погледнете нејзиниот профил на Инстаграм веднаш ќе забележите дека речиси на сите фотографии е со кафе. Убавата актерка така го почнува денот, а често ужива во овој пијалак и попладне. Кафето и помага да се сконцентрира за важните договори и интервјуа…

Најчитани вести