Дигестивна хирургија почнува со работа од понеделник

ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија соопшти дека од понеделник (16 ноември) ќе продолжи со редовна работа.

Лекарскиот колегиум на Клиниката за дигестивна хирургија на 11 ноември едногласно одлучи дека тој ден и следните два (12 и 13 ноември) нема да оперираат елективни случаи и да вршат елективни амбулантски прегледи, а итните случаи соодветно ќе ги згрижуваат.

Како причина за тоа го наведоа нивниот револт и разочараност поради обидот за убиство на нивниот колега на 9 ноември на неговото работно место, реакциите на јавноста, повиците за линч на лекарите и ширењето лажни информации.