Македонија

Дигитализирани еден милион страници книжевно наследство

Дигитализирани еден милион страници книжевно наследство

Еден милион страници се дигитализирани во Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ каде е во тек проектот за спроведување на процесот на дигитализација на вредното книжевно наследство на Македонија.

– Процесот на дигитализација се спроведува со одлична динамика и досега се дигитализирани голем број на значајни книги, околу еден милион страници или во бројки: 195 ​стари и ретки книги од Археографската збирка; 78 наслови од ​весници и списанија кои се дел од Збирката Ретка периодика; 13 ретки карти, како и 130 старословенски ракописи. Ќе потсетам дека во 2013 година, со поддршка на Институтот Јунус Емре од Анкара беше дигитализирана целата ориентална збирка на арапски, персиски и турски јазик​​, посочи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Според предвидениот план и динамика, во 2015 година продолжува процесот на дигитализација, односно ќе се дигитализираат 46.000 македонски изданија од 1945 година до денес; 9 наслови од Збирката Ориенталистика, разгледници и плакатите со уметничка вредност, како и ​дел од фондот на Збирката за ликовни уметности.

digitalizacija7

-Сметам дека од особена важност е и фактот што дел од овие ракописи веќе беа презентирани во европските културни центри, како што е успешната промоција на оргиналните словенски ракописи од 13 до 19 век во Кралскиот музеј во Мариемонт и во Ватиканските музеи. Изложбата на словенските ракописи која ја претставивме и овде, пред македонската јавност, опфаќа само еден мал дел од словенското книжевно наследство сочувано во Македонија, додаде Канческа-Милевска.

Директорот на НУБ „Авети Лимент Охридски“ Иван К. Заров, истакна дека покрај дигитализацијата која е многу значаен проект, на негово големо задоволство Министерството за култура било отворено за соработка и за уште два проекти.

digitalizacija1

Правата е реституција на целокупното словенско богатство, односно словенски ракописки кои што се нао аат во странски бибилиотеки, да бидат достапни за македонската културно-општествена интелектуална јавност.

digitalizacija6

-Втората иницијатива е идејата да се формира научно археографско оделение, во рамките на НУБ кое што во персектива ќе прерасне во еден сериозен научен институт во кој што кадри од најразлична провинијенција ќе можат да ја развиваат својата научна дејност и сето она што го поседува библиотеката од прва рака да бидат користени од наши научни работници, истакна Заров.

Инаку, за потребите на НУБ „Свети Климент Охридски“ отворен е конкурс за вработување на стручни кадри.