Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи следната седмица во Брисел

Новата рунда од дијалогот меѓу претседателите на Србија и Косово, Алекссандар Вучиќ односно Хашим Тачи ќе се одржи следната срда на 18-ти ули, соопшти во четвртокот кабиентот на високата преставничка на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Во соопштението се посочува дека Могерини дека ќе биде домаќин на новиот состанок во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Могерини со Вучиќ и со Тачи ќе го разгледа напредокот во досегашниот тек на разговориѕе на договорот за сеопфатна нормализација на односите и плановите за следните чекори и состаноци, со цел да се обезбеди гаранција дека двете страни ќе ги продолжат разговорите со интензивно темпо, информира портпаролката на високата преставничка на ЕУ, Маја Коцијанчич.